Можно е Србија да ги укине ковид сертификатите

Од:

Епидемиската состојба во Србија се подобрува. Бројот на новозаразени и починати е намален, редовите пред ковид амбулантите се нешто помали. Се намалува и бројот на пациенти во болниците, а в четврток ќе се одржи седница на Кризниот штаб за сузбивање на Ковид-19, кога најверојатно ќе бидат укинати ковид сертификатите, јави дописникот на МИА од Белград.

– За ова во петокот разговарале членовите на Кризниот штаб на средбата со премиерката Ана Брнабиќ, објави весникот Данас, додавајќи дека на седницата ќе се разговара и за ублажување на антиковид мерките.

Претседателот Александар Вучиќ денеска изјави дека за укинување на мерките против коронавирусот ќе одлучува експертите, вклучително и за ковид сертификатите.

– Медицинскиот штаб ќе одлучи за тоа, но мислам дека веројатно не сме далеку од таква одлука, изјави Вучиќ.

Министерот за здравство, Златибор Лончар изјави дека епидемиолошката состојба во Србија е поповолна и дека се исполнети условите седницата на Кризниот штаб да се одржи во наредните денови.

– Имаме поповолна ситуација, но можеме ли да гарантираме дека така ќе остане – тоа никој не го може. Ковид не научи дека тоа не можеме да го предвидиме. Го правиме она што зависи од нас, сите добро знаеме дека треба да се однесуваме така за да го спречиме ширењето на вирусот, кажа Лончар.

Тој нагласи дека здравствениот систем треба да се посвети на пациентите кои не заболеле од корона, а кои долго чекаат на лекување.

Според последниот пресек, коронавирусот во Србија е потврден кај уште 2.231 лице, од 13.362 тестирани примероци. Како последица на инфекцијата, починале 26 лица, хоспитализирани се 1.797 пациенти, од кои 83 се на респиратор.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Претепан српскиот министер Никола Селаковиќ

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Студентите кои сакаат да учат се собраа пред српското Претседателството: Остануваат цела ноќ

(ВИДЕО) Тепачка пред белградското собрание: Приватно обезбедување се пресмета со граѓаните кои протестираа

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Опозиционерите пееја химна, пратениците на власта гласаа без дискусија во белградското собрание

Катерина Ѓуровски

Лажна била дојавата за поставена бомба во српското Народно собрание

Дојава за поставена бомба во српското Собрание

Горан Наумовски