Моисиу со совет до Мета: Реши ја кризата како јас во 2007

Од:

Поранешниот албански претседател, Алфред Моисиу на индиректен начин го посоветува актуелниот шеф на државата Илир Мета да свика лидерска средба за решавање на политичката криза во земјата.

На прашање на тиранската телевизија Ора њуз, како би делувал доколку тој во овој момент би бил шеф на државата, Моисиу изјави дека одговор дал со решавањето на кризата во 2007 година, кога во претседателската резиденција ги повика на разговори поранешниот премиер Сали Бериша и лидерот на тогаш опозициската Социјалистичка партија, Фатос Нано.

– Одговорот како треба да делува шефот на државата во вакви случаи, јас го дадов во 2007 година. Се сретнавме и заедно со сите парламентарни политички сили од тоа време изнајдовме решение за проблемот, рече Моисиу.

Би можело да ве интересира

Притвор за петмина насилници од денешните протести пред Градското собрание на Белград

Во инцидентите на масовниот протест во Атина приведени 220 лица

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Рама: На автопатот кој ги поврзува Дебар и Тирана нема да се наплаќа патарина

А1он

Фрлена црвена боја, запалена вратата од зградата на ЕУ во Софија: Демонстрантите создаваат хаос поради воведувањето на еврото

(ВИДЕО) Вучиќ подготвува сендвичи за граѓаните: Се гледаме во Митровица во 17 часот

Предраг Петровиќ