Могерини: Земјите од Западен Балкан ќе бидат дел од дебатата за безбедносните планови на ЕУ

Од:

Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европска унија, Федерика Могерини денеска во Дубровник изјави дека не се поставува прашањето дали ќе има проширување на ЕУ, туку кога ќе се случи тоа.

– Иднината на ЕУ по излегувањето на Велика Британија нема да биде Унија со 27 земји-членки. Сигурно ќе има нови земји-членки во иднина, Од аспект на ЕУ не се поставува прашањето дали ќе има проширување, туку кога тоа ќе се случи. Имаме посветени партнери посебно во Западен Балкан, посочи Могерини.

Таа додаде и дека земјите од Западен Балкан ќе бидат вклучени во иднинте безбедносни планови на ЕУ.

– Дефинитивно дека земјите-кандидатки ќе бидат вклучени во размислувањата за прашањата поврзани со безбедноста. Сигурно за тоа ќе се разговара со министрите за надворешни работи, посочи Могерини.

Таа потенцира дека ЕУ и Западен Балкан делат иста територија – Европа.

– Не се работи за доведување на Западен Балкан во Европа, бидејќи тие земји веќе се дел од Европа, нагласи Могерини.

Би можело да ве интересира

ЕУ ќе претстави патоказ за постепено укинување на увозот на фосилни горива од Русија

„Гардијан“: Орбан се соочува со голем проблем, ЕУ планира да го замолчи

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Британија предупредува на амбициите на Путин на Западен Балкан: „Тоа е нова жешка точка“

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот