ММФ побара од Хрватска да ги намали трошоците

Од:

Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), која беше во посета на Хрватска, констатира дека земјата се соочува со се поголеми проблеми и треба значително да ги намали своите трошоци.

Решението, кое го предлага ММФ, е фискална консолидација и структурни реформи, намалување на трошоците за пензии и здравство и внесување на измените во Законот за работни односи.

Хрватските власти треба веднаш да ги спроведат долго одложуваните реформи во пензискиот систем и измените во Законот за работни односи, како и да се намалат инвестициските блокади, се наведува во заклучокот на мисијата на ММФ.

Според експертите од ММФ, реформата во пензискиот систем треба да се спроведе колку е можно побрзо, бидејќи при структурните реформи е потребно извесно време додека тие почнат да даваат резултат.

Би можело да ве интересира

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

МФ: ММФ го објави извештајот од Мисијата за член IV и ПЛЛ – Економијата зајакнува поттикната од јавните инвестиции, инфлацијата се намалува, се остваруваат фискалните цели

ММФ: Доброто водење на монетарната политика придонесе кон намалување на инфлацијата

Горан Наумовски

ММФ: Македонската економија се опоравува, од суштинска важност намалување на емиграцијата и поттикнување на продуктивноста

ММФ ја предупреди Европа: Не се радувајте предвреме

Мицкоски: Поради епската неспособност на Владата имаме двојно промашување од прогнозата на ММФ и за 50% повисока инфлација од државите во ЕУ