Мистеријата за авионот што се урна во Пула: „Ова веќе не е случај за полицијата, туку за ФБИ“

Од:

Во падот на ултралесен авион во Пула на 31 март загинаа две лица со германско државјанство, а леталото е од типот Flight Design CTSW со германски регистарски таблички, соопшти Агенцијата за истражување на несреќи во воздухопловниот, поморскиот и железничкиот транспорт, објави Дневник.хр.

„На 31 март 2023 година, околу 12.31 часот по локално време, авион на Flight Design CTSW, германски регистарски број DMVPP, беше пријавен дека се урнал на аеродромот во Пула. Авионот полетал од аеродромот во Пула (LDPL) кон словенечкиот аеродром Порторож (LJPZ) и паднал на 50 метри од пистата на аеродромот во Пула. Во авионот имало две лица со германско државјанство, кои загинале“, соопшти денеска Агенцијата, додавајќи дека во тек е натамошна истрага.

Сега и официјално е потврдено дека паднал авионот Flight Design, а не Пипистрел, како што се вели во првите неофицијални информации. Но, се чини дека информациите за погрешен тип на летало не биле само грешка.

Според информациите на Дневник.хр, изворот на оваа забуна лежи во тоа што авионот што се урнал всушност бил регистриран како Пипистрел.

На аеродромот во Пула не сакаат да зборуваат за случајот, туку упатуваат во Агенцијата за истраги на несреќи, каде денеска никој не одговори на нашите повици. Неофицијално, пак, дознаваме дека за погрешно регистрираниот авион се води голема истрага, која треба да разјасни како тоа можело да се случи.

“Тоа е големо изненадување. Не можете само да замените два различни типови на авион. Сега сите сме изненадени од тоа. Ова веќе не е за полицијата, туку за ФБИ, така да се каже”, вели извор запознаен со случајот.

Идентитетот на загинатите се уште не е соопштен, а дури денеска официјално е потврдено дека се работи за германски државјани.

Би можело да ве интересира

Британецот мора да плати 20.000 долари на „Јунајтед ерлајнс“ за пренасочување на летoт

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Авион принудно слета во Белград поради тепачка меѓу патници, мораше да реагира полицијата

Горан Наумовски

Новинарите летале со Бајден во претседателскиот авион и краделе навлаки за перници, чинии…

Предраг Петровиќ

Русија го попречила сателитскиот сигнал на авионот во кој патувал министерот Шапс, тврдат Британците

Авион полн со патници почна да губи висина, голем број повредени

Горан Наумовски