Мишел во Брисел домаќин на неформална вечера ЕУ-Западен Балкан

Од:

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел вечерва во Брисел организира неформална вечера за лидерите од Западен Балкан.

Европската комисија претходно соопшти на состанокот ќе присуствува и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Дипломатски извори за “Танјуг” изјавиле дека Мишел на вечерата, покрај шесте лидери од Западен Балкан, ги поканил и претседателката на Европската комисија, министерот за надворешни работи на ЕУ, Жозеп Борел и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, како земја која претседава со Советот на ЕУ.

На состанокот ќе се разговара за состојбите во регионот, интеграцијата во ЕУ и подготовките за претстојниот самит ЕУ-Западен Балкан во Загреб.

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Британија предупредува на амбициите на Путин на Западен Балкан: „Тоа е нова жешка точка“

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот

ЕУ издвојува уште една милијарда евра за Украина во рамките на заемот од Г7

Урсула фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да се брани од американските царини со контрамерки