Министрите за одбрана на Грција и Бугарија разговараа за бегалската криза

Од:

Министрите за одбрана на Бугарија и на Грција, Николај Ненчев и Панос Каменос, ја разгледаа денеска на средба во Атина бегалската криза и мигрансткиот прилив, соопшти за БТА прес-центарот на Министерството за одбрана.

– Проблемот со бегалците е на цела Европа и ние сметаме дека сите земји треба да се обединат за негово решение. Неопходно е да се дејствува солидарно и да се бараат механизми за помош на државите, кои се подложени на најсилен мигрантски притисок, рече Ненчев.

– Ја поддржуваме Грција во напорите да го контролира миграцискиот прилив, насочен кон и од нејзина територија, изјави Ненчев.

За време на разговорите меѓу делегациите беше договорено остварување трилатерална средба на министрите за одбрана на Бугарија, Грција и Романија со цел изградба на единствена платформа за заштита на регионот.

Би можело да ве интересира

30.000 деца-мигранти годинава се обиделе да го преминат смртоносниот Панамски теснец

11 лица од Непал сакале илегално да влезат од Македонија во Грција – депортирани се

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море