Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ излезе со соопштение во кое вели дека премиерот Андреј Пленковиќ неуставно се обидува да ја преземе командата со армијата.
Во продолжение интегрално соопштението на Милановиќ:
„Владата на Андреј Пленковиќ подготвува измени на Законот за одбрана чија единствена цел е ограничување и намалување на уставните овластувања на претседателот на Републиката како врховен командант на вооружените сили на Република Хрватска. Така пред се обидува да изврши нов напад врз хрватскиот Устав, го предупредувам Андреј Пленковиќ на фактот напишан во Уставот, во член 100, во кој јасно и недвосмислено се вели: Претседателот на Републиката е врховен командант на вооружените сили на Република Хрватска врховен командант на војската.
Згора на тоа, членот 94 од Уставот изречно вели дека „Претседателот на Републиката е одговорен за одбраната на независноста и територијалниот интегритет на Република Хрватска“. Ниту владата, ниту премиерот немаат го немаат тој степен на уставна одговорност за одбраната, а особено не министерот за одбрана. А секој обид – преку најавените измени на Законот за одбрана – да се толкува поинаку членот 100 од Уставот, би значел обид за погазување на Уставот, обид за промена на Уставот на неуставен начин и обид за кражба на уставната власт на претседателот на Републиката како врховен командант на вооружените сили.
Андреј Пленковиќ, според тоа, има намера повторно да излезе надвор од рамките на уставниот поредок. Овој пат тој смета дека со менување на Законот за одбрана може да ја преземе и командата со армијата преку својот министер. Всушност, неговата намера е да ја стави хрватската војска под своја контрола иако, според Уставот, претседателот на Републиката е врховен командант. Тоа нема да му биде прв пат бидејќи веќе се обиде да ја преземе контролата врз Воено-безбедносната разузнавачка агенција, што јас го спречив.
Без разлика дали Пленковиќ сака да ја наметне својата автономија на хрватската армија со измена на Законот за одбрана или сака да подготви терен за испраќање на хрватската армија во Украина, морам да бидам јасен: додека сум претседател на Републиката, ќе бидам врховен командант на вооружените сили и хрватски војник нема да водат туѓи војни. Го повикувам Пленковиќ да го почитува хрватскиот Устав и да ја почитува волјата на хрватскиот народ кој ми веруваше токму затоа што ја штитам хрватската војска од Пленковиќ и туѓите војни“, објави Милановиќ.