Милановиќ најави ескалација на спорот со Србија

Од:

Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ изјави денеска во Брисел дека контрамерките на Србија кон Хрватска се смешни и најави ескалација на спорот.

Тој рече дека Хрватска нема да ја тргне блокадата на граничнот премин Бајаково, откако Србија воведе противмерки, иако тоа било планирано.

– Нема да ја отвориме границата. Јас планирав утре да ги отвориме границите, но сега мора да реагирам на ова, изјави Милановиќ.

– Жал ми е за тоа, но овие мерки се смешни, додаде тој по самитот на лидерите во ЕУ.

Според него, Загреб веќе има одговор кој денеска ќе го образложи министерот за полиција Ранко Остојиќ.

Хрватска престана да пропушта граѓани со српски пасоши на своја територија откако Србија воведе забрана за увоз на хрватски стоки.

– Ние ќе имаме мала штета, а тие голема, изјави Милановиќ и додаде дека нема да има војна и насилства.

Би можело да ве интересира

Мажот четири пати изгубил свест, лицето на сопругата згмечено: Крваво претепување на брачна двојка во белградска кафеана

ВИДЕО: Страотен судир на автобус и автомобил кај Младеновац, еден мртов над 30 повредени

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Детали за авионската несреќа кај Загреб: еден мртов, четворица повредени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Авион се урна во близина на Загреб, еден мртов, тројца повредени

Катерина Ѓуровски

Хрват доби казна од 700 евра за коментар на Фејсбук: Можеше да заврши во затвор

РТЛ: Бродовите во Медулин биле запалени со „Молотов коктел“