Милановиќ им се заблагодари на гласачите за поддршката

Од:

Актуелниот претседател на Хрватска, Зоран Милановиќ, кој според досегашните резултати има освоено под 50 отсто поддршка, им се заблагодари на гласачите на социјалната мрежа Фејсбук.

„Ви благодариме на сите за поддршката“, напиша Милановиќ.

Никша Пероња од СДП, кој го поддржа Милановиќ, за хрватската РТЛ изјави дека по првите излезни анкети владее ентузијазам во изборниот штаб, дека Милановиќ е расположен и дека го очекуваат по 21.30 часот.

Мирела Ахметовиќ (СДП) им се заблагодари на сите граѓани кои излегоа на гласање, особено на оние кои гласаа за Зоран Милановиќ.

– Граѓаните гласаа за Милановиќ и потврдија дека ја поддржуваат неговата неприкосновена политика, изјави Ахметовиќ за ХРТ и посочи дека анкетите досега не биле погрешни, но дека допрва треба да се чекаат официјалните резултати.

Би можело да ве интересира

Куриозитети од изборите во Хрватска: Во место во Далмација, Милановиќ ги доби сите гласови

Признание за мене, но и порака за власта, порача Милановиќ во победничкиот говор

Хрватска повторно го избра Милановиќ

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Милановиќ: Приморац се тркала во прегратките на полуславните луѓе, фотографира и ги покажува како контакти

Горан Наумовски

Милановиќ: Приморац ќе има можност да се фотографира со претседател

Горан Наумовски

Милановиќ за хрватското здравство: Има една влијателна секта, се ѓубре до ѓубре, сакаат леб без мотика

А1он