Михаел Рот: Ако ЕУ остави вакуум на Западен Балкан, тогаш други сили ќе влезат во тој вакуум

Од:

Доколку Европската унија (ЕУ) остави вакуум на Западен Балкан, тогаш и други сили, што не ги делат демократските вредности на Унијта, ќе влезат во тој вакуум, изјави државниот секретар за Европа во германското Министерство за надворешни работи Михаел Рот.

Тој изрази разочарување што немало напредок во интеграцијата на земјите од Западен Балкан за време на претседателството на Германија со Европската унија во изминатите шест месеци.

„Итно ни требаат позитивни сигнали за Западен Балкан. Во прашање не е ништо помалку од нашиот кредибилитет”, изјави Рот за Ханделсблат.

„Мора да го истуркаме тоа. Мирот, регионалното помирување и демократијата на Западен Балкан се од централно стратешко значење за цела Европа, особено за непосредното соседство”, рече германскиот официјален претставник.

Ханделсблат додава дека сили како Русија, Кина и Турција се заинтересирани за регионот.

„Ако ЕУ остави вакуум на Западен Балкан, тогаш други сили, кои не ги делат демократските вредности на ЕУ, ќе влезат во тој вакуум од геостратешки причини… Ние се пукаме сами во коленото“, рече Рот.

Тој смета дека двоумењето на ЕУ се толкува како слабост во светот во кој авторитаризмот станува се посилен, а демократијата е под се поголем притисок.

Германскиот политичар ги поврзува прашањата за владеењето на правото и борбата против корупцијата со емиграцијата од балканските земји. Според него, помладите генерации кои заминуваат ја напуштаат својата татковина затоа што не гледаат перспектива.

„Тоа е трагедија за земјите од Балканот“, нагласи Рот.

„ЕУ мора да биде поприсутна во емотивната перцепција на народот. Не за да можеме да се тапкаме по рамо. На крајот, тоа е пробив на Европа во системската конкуренција со авторитарните сили кои инаку ќе се закотват на сред Европа”, додаде Рот.

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Британија предупредува на амбициите на Путин на Западен Балкан: „Тоа е нова жешка точка“

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот

ЕУ издвојува уште една милијарда евра за Украина во рамките на заемот од Г7

Урсула фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да се брани од американските царини со контрамерки