Мицотакис: Вакцината е новогодишен подарок за 2021 година

Од:

На пандемијата и вакцината, акцентот го ставија претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во нивните новогодишни видео пораки до граѓаните, јави дописничката на МИА од Атина.

Сакеларопулу истакна дека „вакцината е пасош за нашата слобода“, а Мицотакис дека „вакцината е пасош за подобар живот“, но и новогодишен подарок.

Грчкиот премиер истакна дека сега е време, „зрело да се помине мостот меѓу крајот на борбата против коронавирусот и почетокот на битката за напредок“.

– Вакцината против Ковид претставува новогодишен подарок за 2021 година, а подарок за возврат од нас е целосно прифаќање, бидејќи тоа значи самозаштита, но и солидарност кон нашите сакани, порача грчкиот Мицотакис.

Грчката претседателка истакна дека „најоптимистичката порака за Новата година веќе стигна, а тоа е вакцината, пасошот за нашата слобода“.

– Вакцинацијата е чин на самопочитување и почитување на општеството како целина, најефикасен, според експертите, штит за заштита на личното и јавното здравје. Но, патот до нормалноста не е краток и лесен. Ќе го поминеме сите заедно, постепено оставајќи ја зад себе нашата скептичноста, внимателно и координирано, почитувајќи ги здравствените протоколи, сè до нашата конечна цел: имунитет на општеството, порача Сакеларопулу и истакна дека 2021 година ќе биде година на надеж и закрепнување.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната