Мицотакис: На 26 декември првите вакцини во Грција, ден подоцна вакцинација во пет болници во Атина

Од:

Оценуваме дека првите пратки од вакцината во нашата земја ќе стигнат на 26 декември и од следниот ден, од 27 декември дека ќе може да почнеме со првите вакцинации во пет болници во Атина, а веднаш потоа и во Солун, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на почетокот од работниот состанок за националниот план за вакцинација и откри дека први ќе се вакцинираат една медицинска сестра и еден повозрасен граѓанин, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис објасни дека согласно препораките од Националната комисија за вакцинација, ќе има строг приоритет во однос на тоа кои граѓани ќе бидат вакцинирани први.

Здравствените работници се први на листата, заедно со лицата згрижени во Домовите за стари лица, потоа ќе следат граѓаните над 65 години, кои според Мицотакис се околу 2,4 милиони.

Грчкиот премиер повтори дека лидерите на политичките партии и политичарите ќе бидат меѓу првите кои ќе се вакцинираат „за на тој начин да ја покажат доверба во науката“, но и истакна дека со почетокот на вакцинацијата, нема да заврши пандемијата и уште еднаш упати апел до граѓаните, особено за празниците, да бидат двојно повнимателни и да ги почитуваат мерките.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната