Мицотакис ќе ги информира лидерите на политичките партии за вчерашната средба со Ердоган

Од:

За вчерашната средба во Истанбул со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис попладнево и утре наутро, во одделни телефонски разговори, ќе ги информира лидерите на сите политички партии, јави дописничката на МИА од Атина.

Попладнево, Мицотакис ќе разговара со претседателите на СИРИЗА и Движење на промена, а утре со останатите тројца лидери, на Комунистичката партија, на МЕРА25 и на Грчко решение.

Портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на денешниот редовен брифинг со новинарите, рече дека вчерашниот ручек на Мицотакис и Ердоган што траел над два часа, поминал во многу добра клима, двете страни ги повториле нивните цврсти позиции за прашањата што се однесуваат на билатералните односи, но, како што рече, без тензијата од изминатиот период.

-Чувството по средбата е дека двете страни разговараа како две земји кои се соочуваат со предизвиците на новата архитектонска безбедност во Европа создадена од руската инвазија во Украина. Меѓу прашањата за кои се разговараше беше и потребата од соработка во создавањето хуманитарни коридори во Украина, рече Иконому.

Додаде дека Мицотакис и Ердоган се согласиле дека ако работите се развиваат во духот на вчерашната средба и се зацврсти позитивната атмосфера меѓу двете земји, на есен во Солун ќе се одржи петтиот Висок совет за соработка, а следниот месец во Анкара ќе се одржи состанок за мерките за градење доверба.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент