Мицотакис: Ја разбирам огорченоста од Договорот од Преспа, но ние сме против затворени училишта и опсади

Од:

Нова демократија беше, е и секогаш ќе биде против каков било облик на опсади, вели претседателот на најголемата грчка опозициска партија, Кирјакос Мицотакис во однос на мобилизацијата на учениците во Северна Грција и опсадите во средните училишта поради Договорот од Преспа.

– Целосно ја разбирам огорченоста на оние кои денес одбираат да бидат против лошиот Договор од Преспа што го потпишаа господинот Ципрас и господинот Каменос. Но, затворени училишта значи затворени умови, вели Мицотакис и додава дека тој во никој случај не би сакал здравиот патриотизам некои да го претворат во радикален национализам.

Мицотакис потенцира дека треба сите заедно да бидат против оние кои сакаат да ја радикализираат новата генерација, а оние кои се против Договорот од Преспа, нивното незадоволство да го изразат на демократски начин.

– Секој Грк и секој млад има право да протестира против овој лош договор. Но, тоа да го направи задржувајќи ги училишта отворени и секогаш почитувајќи ги демократските институции на нашата татковина, рече лидерот на Нова демократија.

Би можело да ве интересира

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Поткопувачите на Охридскиот и на Преспанскиот договор може да се најдат на црната листа на САД

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он

Силен земјотрес ја погоди Грција

Почина поранешниот премиер на Грција Костас Симитис

Еден загинат во пожар во хотел во Грција

А1он