Мицотакис и Ердоган ќе се сретнаа во Турција за да ги подобрат односите

Од:

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ќе се сретнат во Турција со намера да го одржат трендот на подобрување на односите меѓу Атина и Анкара во последните месеци и покрај долгогодишните проблеми во билатералните односи.

Грција и Турција долго време имаат несогласувања околу морските граници, енергетските ресурси во источниот Медитеран, летовите преку Егејското Море и етнички поделениот Кипар, а нивните односи почнаа да се подобруваат во последните години, особено од минатата година кога Ердоган и Мицотакис повторно беа избрани на нивните позиции, пренесува Ројтерс.

Анонимен турски функционер за Ројтерс изјави дека темите на денешниот состанок ќе се движат од технологија, туризам и економски врски до борба против тероризмот и миграцијата, додавајќи дека ќе биде формиран и „заеднички деловен совет“ кој ќе помогне во поврзувањето на грчките и турските претприемачи.

За време на неговата посета на Атина минатиот декември, Ердоган најави „нова ера во односите“ меѓу двете земји, кои потоа ја потпишаа „Атинската декларација“, опишана како основа за идните долгорочни односи меѓу Турција и Грција.

„Од таа посета, во согласност со значењето и духот на Декларацијата, со градење меѓусебна доверба, двете страни се обидоа да создадат атмосфера што овозможува на соодветен начин да се соочиме со постоечките проблеми“, рече турскиот претставник.

Мицотакис вчера изјави дека промената на перспективата е клучна за односите меѓу двете земји.

„Наместо да гледаме нерешлива загатка, треба да се фокусираме на зајакнување на позитивната агенда и да бараме соработка меѓу нашите две земји и народи“, рече Мицотакис.

Ердоган вчера најави дека главната цел на денешната средба е билатералните односи да се „подигнат на невидени височини“, додавајќи дека Турција и Грција, додека ги решаваат своите проблеми, имаат многу теми за кои се согласуваат.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турција може да биде идеално место за мировни преговори Украина-Русија

(ВИДЕО) Млада Турчинка ги истетовира очите на Ердоган на своето чело

Ердоган: Трамп прави погрешни пресметки во однос на Појасот Газа

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер регистриран во близина на Санторини, Мицотакис повика на смиреност

Ердоган: Мора да се спроведат сите фази од договорот Израел-Хамас

Горан Наумовски

Ердоган: Сириските Курди или ќе го положат оружјето или ќе бидат погребани со нив