Мета со поддршка за решение на спорот за името и влез на Македонија во НАТО

Од:

Албанскиот претседател Илир Мета денеска во Тирана се сретна со претседателот на ДУИ Али Ахмети. Мета изјави дека на средбата со лидерот на ДУИ дал поддршка за дефинитивно решение за спорот за името на Македонија со Грција.

Според Мета решавањето на спорот ќе го забрза приемот на Македонија во ЕУ како и нејзино заслужено место во НАТО алијансата.

„Ние даваме потполна поддршка за решавање на спорот со името на Македонија и Албанија“, нагласи албанскиот претседател.

Албанските медиуми јавија дека на Утринската молитва што денеска се одржа во Тирана со претставници од европски држави, албанскиот претседател се помолил и за решавање на спорот со името на Македонија.

На Утринската молитва на која имало претставници од 15 земји од Европа, присуствувал и претседателот на Собранието Талат Џафери.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек