Мета му честиташе на Пендаровски за ратификацијата на Протоколот за членство во НАТО

Од:

Албанскиот претседател Илир Мета, на неговиот македонски колега Стево Пендаровски, му ја честитал ратификацијата на Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО од страна на шпанскиот Парламент и неговото потпишување од страна на кралот Филип.

Мета, како што стои стои на официјалната веб – страна на албанскиот претседател, наведува дека со голема радост ја примил веста и додава дека Северна Македонија сега веќе е 30-та земја-членка на НАТО иако тоа го заслужувала многу поодамна.

-Ова е една многу радосна вест за сите нас,бидејќи членството на Северна Македонија во НАТО е во служба на зацврстување на сигурноста, стабилноста и мирот и тоа не само во регионот. Албанија беше меѓу првите земји што го ратификуваа овој Протокол и отсекогаш била постојан поддржувач на вашето патување во НАТО. Ова е круна на вашите неспорни достигнувања кон стандардите што ги бара Алијансата, како и на нашите заеднички напори, дури и во рамките на Јадранската повелба, каде што нашите земји меѓусебно се поддржуваа и помагаа, пишува Мета.

Тој изразува убедување дека Албанија и Северна Македонија, како две соседни земји, сојузници на НАТО и со заеднички европски и евроатлантски визии „дополнително ќе ја зајакнат соработката и ќе придонесат за натамошно зајакнување на колективната безбедност“.

-Честитајќи ви уште еднаш за овој извонреден настан, Ваша екселенцио, уште еднаш ја искажувам мојата огромна почит, наведува Мета постирајќи фотографија на која се заедно со Пендаровски.

Би можело да ве интересира

Пендаровски: Во Крушево дојдов за да ви кажам дека и тука и во цела Македонија ќе победиме, за бојкот тие нека му ја мислат

Предраг Петровиќ

Пендаровски до ВМРО-ДПМНЕ и Давкова: Немој да си играте со судбината на Македонија

Предраг Петровиќ

НСДП: Ги повикуваме граѓаните да гласаат за нашиот претседател Стево Пендаровски

Пендаровски: Мицкоски по амбасади ветува дека прв негов приоритет ќе биде внесување на Бугарите во Уставот

(ВИДЕО) Пендаровски: Знам некои од другата страна што имаат многу причини за страв од ветинг

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски до Силјановска-Давкова: Нека ѝ служи на чест!

Горан Наумовски