Мета-Милард: Позитивниот резултат од реферндумот во Македонија од големо значење за европската иднина на регионот

Од:

Албанскиот претседател Илир Мета и заменик-помошникот секретар во Бирото за европски и евроазиски работи на Стејт Департментот, Елизабет Милард на денешната средба во Тирана, покрај другото разговарале и за референдумот во Македонија, закажан за 30 септември.

Заеднички став на двајцата соговорници е дека позитивниот резултат на референдумот е од големо значење за европската иднина не само за Македонија туку и за целиот регион.

Мета ја запознал високата гостинка дека Албанија ги повикала Албанците во Македонија да излезат и да гласаат „за“ на референдумот и додал дека посакува први октомври да отвори нова перспектива во евроатланската интеграција на Македонија.

Задржувајќи се и на други прашања од случувањата на Балканот, Мета и Милард размениле мислења и околу дијалогот Косово-Србија.

– Од посебна важност е финализирањето на дијалогот Косово-Србија со постигнување договор. Договорот Косово-Србија гарантира европска перспектива, го консолидира меѓуетничкиот соживот и мирот во регионот, оценил при тоа Мета.

На средбата од посебна важност е оценет текот на реформите во Албанија во правец на зајакнување на правната држава.

Претседателот Мета гарантирал дека неговата земја е одлучна во исполнувањето на обврските кои произлегуваат од документот за стратешко партнерство Албанија-САД.

Заменик – помошникот секретар во Бирото за европски и евроазиски работи на Стејт Департментот, Елизабет Милард во Албанија ќе престојува три дена.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Брнабиќ ќе поднесе потписи за референдум за доверба на претседателот Вучиќ

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Бајден ја осуди одлуката на Мета да стави крај на програмата за проверка на факти

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји