Мета го поздрави изгласувањето на Резолуцијата за Украина и побара ваков документ да донесе и албанскиот Парламент

Од:

Албанскиот претседател Илир Мета вечерва го поздрави изгласувањето на Резолуцијата од страна на Европскиот парламент, со која се осудува агресијата на Русија врз Украина.

– Изгласувањето со 637 гласови на оваа Резолуција која ги опфаќа сите политички, економски, дипломатски, хуманитарни, правни аспекти, како и трагичните последици што може да ги предизвика ескалацијата на ситуацијата, ја докажува солидарноста и европското единство наспроти опасноста што и се заканува денеска не само на Украина туку и на Европа и на целиот слободен и демократски свет, напиша Мета на Фејсбук.

Го поздравувам, стои понатаму во објавата, зголеменото внимание на Европскиот парламент и кон нашиот регион „што треба да ја зголеми нашата будност против секој обид за нестабилност од непријателски актери“.

– Го повикувам албанскиот Парламент преку резолуција, јасно и без одлагање да ја изрази својата волја против инвазијата на Украина, слично на другите земји од НАТО и ЕУ, побара Мета од законодавниот дом.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Руската армија ја презеде контролата над Новобахмутовкa

Руските власти тврдат: Три лица загинаа во украинско гранатирање

Руската воздушна одбрана тврди дека соборила 17 украински беспилотни летала

Горан Наумовски

Зеленски најави кога очекува голема руска офанзива

Руската православна црква нема да повика на велигденско примирје со Украина

Песков: Во моментов нема услови за разговори меѓу Русија и Украина