Меркел: Лидерите од ЕУ бараат да се намали претпристапната помош на Турција

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека состојбата со човековите права во Турција е неприфатлива и дека лидерите од Европската унија побарале од Европската комисија „на одговорен начин“ да го разгледа прашањето за намалување на претпристапната помош за Анкара.

Меркел ги повика своите колеги да го намалат финансирањето што ЕУ го планира за Турција во врска со нејзината кандидатура за влез во заедницата. Канцеларката беше поддржана од Белгија и Холандија.

Во изјава за медиумите, по синоќешната вечера на која лидерите разговараа за односите со Турција, Меркел рече дека сака заедничка позиција на ЕУ за пристапните разговори и дека дијалогот со Анкара треба да продолжи.

Таа додаде дека не предвидува преговори со Турција за проширување на царинската унија со ЕУ.

Австрискиот канцелар Кристијан Керн рече дека претпристапните фондови биле планирани да и помогнат на Турција да се доближи до европските стандарди за владеење на правото.

– Ова очигледно не беше успешно, изјави Керн и додаде дека е време да се преиспита тој концепт.

Би можело да ве интересира

Германските власти нудат парична награда за информации за трикратниот убиец од Кобленц

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Авион падна во фабрички комплекс, има загинати