Меркел: Балканските држави се бавни како полжав

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел рече дека земјите на Балканот не смее прерано да се препуштат сами на себе. Таа пред конференцијата за Западен Балкан која идната недела ја организира германската влада во Берлин, кажа дека во БиХ има уште многу работа, и важно е во регионот да се создадат интергациски процеси.

– Дури и кога постои напредок во тој регион, се одвива со брзината на еден полжав, рече Меркел и посочи дека сите земји од регионот имаат европска перспектива, но дека членството зависи од брзината на спроведувањето на потребните реформи.

Зборувајќи за балканската конференција Меркел истакна дека германската влада одлучила да ги повика претставниците на сите држави во регионот по повод 100 те години од почетокот на Првата светска војна, за да покаже дека повеќе не постојат судири, иако се присутни многу конфликти.

– Тоа според моето убедување стана можно со оглед дека сите земји добија европска перспектива, рече Меркел.

Таа прецизираше дека ги повикала сите шефови и членови на влади на земјите од регионот во Берлин за да се подобри нивната меѓусебна соработка.

– Луѓето сакаат да имаат сообраќајна инфраструктура, сакаат едноставно да патуваат од една во друга држава, рече Меркел.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија