Медиу: Прифаќањето на припадниците на МЕК една од главната причина за кибернападите врз Албанија

Од:

Поранешниот албански министер за одбрана Фатмир Медиу, во врска со кибернападите од Иран врз Албанија изјави дека ова прашање е поврзано со МЕК, иранската опозиција која се наоѓа во Албанија а одлуката на албанската влада да ги прекине дипломатските односи со Иран ја оцени како исправна, донесена во консултација со партнерите.

-Несомнено МЕК е една од главните причини, бидејќи тоа е единствениот ирански отпор. Односите на МЕК со Иран секогаш биле проблематични, секогаш имало конфликти. Ако треба да потсетам, иранскиот отпор дојде во Албанија по континуираните напади што се случија во логорот Ашраф, изјави тој преку Скајп за ABC.news.al.

Додава дека за првите 210 припадници на МАК се разговарало за време на владата на Бериша, кога тој бил дел од неа.

-Бев дел од таа влада, ме контактираа и сум запознаен со проблемот. Тогашниот премиер побара јасен став од САД доколку Албанија направи чекор, дефинитивно тие лица не смее да бидат на списокот на терористи. Следен беше премиерот Рама кој освен првите 210 се согласи да го преземе целиот ирански отпор. Тие имаат статус врз основа на УНХЦР и се третираат според овој статус, изјави Медиу.

Посочи дека постои клаузула која им забранува да вршат политички активности, но оти таа, според него е малку нејасна во однос на Албанија, бидејќи од неа беше побарано да не се меша во внатрешната политика.

Тој одговори и на прашањето каков интерес имаат САД од оваа тензија со Иран.

-Во 2018 година албанската влада го протера амбасадорот заедно со двајца дипломати затоа што сакаа да извршат терористички чин во активноста на МЕК каде што бев и јас присутен заедно со Пандели Мајко. Значи има нивна терористичка ескалација, во овој случај албанската влада немаше друго решение. Што добиваат САД? Мислам дека јасно покажуваат дека стојат до Албанија. Кибернападите на Иран не се првпат да се случат во Албанија, се случија и неколкупати претходно.

Во кампот во Манзе кај Драч сместени се над 3 илјади муџахедини, кои во јули требаше да го одржат Светскиот самит на Слободен Иран, но беше одложен по информациите дека се подготвува терорстички напад. Веднаш потоа следуваа кибернападите врз владините системи.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски