Маж во БиХ најави масакр како во Белград, полицијата два пати го приведуваше и го ослободуваше

Од:

Маж од Бановиќ, БиХ поради заканите што ги упатуваше два пати беше приведен на распит во полиција.

„Ш.С. синоќа сам се пријави во полициска станица. Тој се закануваше дека ќе ги нападне сопругата и децата, кога ќе има прилика. Тие пак, во меѓувреме го оставиле тој ден. Тој е лишен од слобода за прекршокот „нарушување на јавен ред и мир“ – велат од полицијата.

Откако бил приведен во ПС Бановиќ било утврдено дека бил под дејство на алкохол. Во таа прилика го нарушил јавниот ред и мир, со груби навреди кон полициските службеници и со особено дрско однесување.

По отрезнување бил пуштен од службените простории. После тоа на социјалните мрежи е забележана снимка за која повторно била известена обвинителката.

„Повторно е сослушан како осомничен и наредено е да се документира кривичното дело „загрозување на сигурноста“. Но, тој не е лишен од слобода поради основано сомнение, туку наредени се дополнителни проверки, а во наредниот период, согласно договорот со обвинителот, ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од полицијата.

Во видеото објавено на социјалните мрежи приведениот Ш.С. вели: „Ќе има поголема трагедија отколку што беше во Србија“.

Би можело да ве интересира

Петмина Украинци уапсени за киднапирање на сириски државјанин во Сараево

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина