Непознат маж утрово по 8 часот паднал од ѕидините на Петроварадинската тврдина. Тој е пренесен на Одделот за интензивна нега во Нови Сад..
Тој паднал откако под засега непознати околности ја напуштил капијата на EXIT фестивалот.
Според д-р Зоран Круљ, портпарол на Итната помош во Нови Сад, нивната екипа пристигнала на местото во 08:40 часот.
„Повреден е странец, маж на возраст од околу 30 години, кој се здобил со повреди и во свесна состојба е пренесен во Одделението за реанимација на УЗ КЦВ – изјави за Телеграф.рс ПР на Институтот за итна медицинска помош д-р Зоран Круљ.