Маж од Риека ја принудувал бремената сопруга на секс со непознати, и се заканувал „Ќе те распарчам“

Од:

Триесет и осумгодишен маж од Риека е осуден на 6,5 години затвор од Жупанискиот суд во Загреб за кривично дело против сексуалната слобода на сметка на неговата 32-годишна поранешна сопруга и присилна проституција.

Тој доби пет години затвор за кривично дело силување, а две години за проституција и беше осуден на заедничка казна затвор од 6,5 години.

Според обвинението, злосторствата се случиле во мај 2019 година во станот во кој живееле сторителот и неговата тогашна тешко бремена сопруга.

Пријавениот и се заканувал на сопругата дека ќе ја убие, ќе ја распарчи и ќе го извади детето од утробата и ја терал да пие апчиња и алкохол. Потоа во станот внел непознато машко лице и ја принудил својата бремена сопруга да има секс со него. Во неколку наврати го повторил делото, при што ја терал сопругата да има секс и со други мажи.

Како што е наведено во пресудата, жртвата во неколку наврати сакала да ги пријави делата, но била во страв за својот живот и животот на детето. 38-годишниот монструм претходно бил осуден за повеќе кривични дела.

Би можело да ве интересира

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

Четворица Американци се истепале во Кисела Вода, нападнале и полицајци

Двајца стружани оштетиле неколку возила, а нападнале и полицајци

Маж од Дебар им се заканувал на неговата мајка и на неговата малолетна сестра

Горан Наумовски

Кривична пријава за жител од Чашка кој физички ја малтретирал малолетната ќерка

Скопјaнец ја истепал својата 18-годишна сестра

Горан Наумовски