Маслото за јадење од денес во Албанија 321 лека или 2,6 евра

Од:

По нова, повисока цена од денеска албанските граѓани купуваат неколку основни прехранбени продукти.

Според одлуката на подвладиниот Одбор за транспарентност, нови цени имаат маслото за јадење, шеќерот, брашното и оризот.

– Врз основа на одлуката, цената на литар масло за јадење сега изнесува 321 лека или 2,6 евра, килограм шеќер 123 лека, килограм ориз 104 и килограм брашно 90, 5 лека, пренесува Ора њуз.

За сите оние трговци на големо кои нема да ги почитуваат определените цени од Одборот следува парична казна од 10 милиони лека, за трговците на мало 2 милиони лека.

„Доколку се утврди повторено прекршување на одлуката, односно злоупотреба на цените, правниот субјект ќе биде затворен, а производите одземени“, стои во одлуката.

Исто така, со овој нормативен акт, меѓу другото, сите трговци се обврзани да преземат мерки и за одржување резерви за три месеци, во согласност со рокот за употреба, со цел да гарантираат нормално снабдување на населението.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски