Марија Габриел: Работам на намалување на тарифите за роаминг за Западен Балкан

Од:

Работам на идејата за намалување на тарифите за роаминг за земјите од Западен Балкан, изјави бугарската еврокомесарка Марија Габриел на работната средба во Брисел со пратеници од шест балкански земји, меѓу кои и Македонија.

– Сега е моментот. Тоа е можност за Балканот, за ЕУ и за Бугарија, која ќе го преземе претседателството на Советот на ЕУ во јануари следната година, истакна еврокомесарката за дигитализација.

Таа нагласи дека дигиталната интеграција на Западен Балкан е нејзин приоритет и ги информира пратениците дека работи на идејата во иднина европската иницијатива wifi4eu да ги опфати и балканските земји.

Очекувањето на Габриел е првите илјада ваучери од wifi4eu да ги добијат европските држави во јануари 2018 година. Целта е меѓу шест и осум илјади општини од цела ЕУ да имаат бесплатен пристап до интернет на јавни места, како што се библиотеки, училишта, болници.

Шестмината пратеници ја изразија својата целосна поддршка, оценувајќи дека „проширувањето на иницијативата кон земјите од Западен Балкан би била единствена можност за секоја од нив“. Тие сметаат дека тоа ќе биде огромен успех, а на граѓаните во нивните земји ќе им се покаже дека се Европејци.

– Тоа ќе биде сигнал кон сите земји од регионот, изјави од своја страна македонскиот пратеник Влатко Станковски.

Бугарската еврокомесарка побара „земјите од регионот да се вклучат во сите дигитални иницијативи на ЕУ“,

– Поврзаноста на нашите земји, кибер-безбедноста и развојот на дигиталните способности на луѓето се мои јасни задачи и ја имате мојата поддршка, додаде Габриел.

Би можело да ве интересира

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

За 30 отсто поевтини роамингот за македонските граѓани со земјите од ЕУ, од 2028 цените се изедначуваат

Ќе плаќаме помали сметки – Од денеска се намалуваат цените за интернет во роаминг со земјите од ЕУ

Почнува намалувањето на роаминг цените за дата податоци со земјите од ЕУ