Манифестации во Косово по повод Денот на лицата исчезнати во војната

Од:

Со манифестации во неколку места, денеска во Косово се одбележува Денот на лицата исчезнати во косовско-српскиот конфликт во 1998-99 година.

Централниот собир, со кој традиционално се одбележува овој датум и на кој ќе присуствуваат високи државни претставници и амбасадори акредитирани во Косово, е закажан за во Ѓаковица, градот со најмногу луѓе за чија судбина не се знае ништо уште од последната војна.

Претходно ќе бидат одадени почести кај Обелискот на исчезнатите во Приштина и во Меморијалниот комплекс во селото Меја, во близина на Ѓаковица, каде што на денешен ден пред 20 години српските сили, во знак на одмазда за убиството на петмина полицајци од страна на Ослободителната восјка на Косово (ОВК), извршија масакр врз над 300 албански цивили.

Вкупниот број на исчезнати во цело Косово, Албанци и Срби, според податоците на Црвениот крст, на „Хјумен рајтс уоч“ и на други меѓународни и домашни организации, е околу 1.650 лица.

Би можело да ве интересира

„Фајненшл тајмс“: Путин се подготвува за војна на другиот крај од светот

Горан Наумовски

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Неколку земји од ЕУ се подготвуваат за војна

(ВИДЕО) Алавитите масовно бегаат кон бреговите на Сирија, ги засолнуваат своите најблиски

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин