Малцинствата од Албанија незадоволни од пописот

Од:

Преставниците на македонското, грчкото, влашкото, ромското и српско-црногорското малцинство, незадоволни од спроведеноста на неодамнешниот попис, потпишале Декларација против официјалните резултати од Пописот 2011 и истата ја испратија до сите албански и меѓународни институции.

“Ние преставниците на малцинствата во Република Албанија изјавуваме пред албанската јавност и државните и меѓународните институции, дека не ги признаваме официјалните објавените резултати од пописот 2011 година. Ние ги сметаме нив за крунисување на сите спроведени активности на штета на малцинствата од страна на државните, политичките и медиумските преставници”, стои во Декларацијата.

Членовите на малцинските здружанија сметаат дека процесот на попишување на населението се вршел на недемократски и нетранспарентен начин со бројни прекршоци и со манипулирање на податоците. Затоа тврдат дека добиените бројки за малцинствата и верската припадност на населението не ја претставуваат реалноста во Албанија.

Инаку, според резултатите на пописот, како Македонци се изјасниле само 5.870 лица, односно 0,2 отсто од вкупното население кое брои 2,89 милиони жители. Како Албанци, пак, се декларирале 83,2 отсто или 2.329.715 лица, додека, од малцинствата, 0,89 отсто им припаѓа на Грците и по 0,3 отсто на Ромите и Власите.

Би можело да ве интересира

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Граѓаните на Македонија јадат најмногу благо во регионот

(ВИДЕО) Им сечеле глави на кучиња и ги замрзнувале: Страшни снимки од прифатилиште за животни во Србија

А1он

(ВИДЕО) Хорор од Белград го шокираше светот: Уапсен татко кој брутално ја претепа својата ќерка тенисерка на тренинг

А1он

Курти за „Ла Република“: Постои опасност од нова војна меѓу Косово и Србија

А1он

Мицотакис за прислушувањето на Андрулакис: Погрешно беше, не требаше да се случи

А1он