Македонија, Црна Гора и Бугарија му забранија прелет на Лавров до Белград

Од:

Нов заплет околу посетата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на Србија.

Според српскиот весник „Новости“, доаѓањето на Лавров е под голем прашалник бидејќи, како што неофицијално се дознава, Црна Гора, Северна Македонија и Бугарија го забраниле прелетувањето на неговиот авион.

„Со тоа на дело се потврдија зборовите на српскиот претседател Александар Вучиќ, кој јавно објави дека работите се комплицираат во врска со планираното доаѓање на министерот за надворешни работи на Руската Федерација“, пишува српскиот весник.

Се додава дека поради новонастанатата ситуација, Вучиќ утре во 10 часот во зградата на Претседателството на Србија ќе се сретне со рускиот амбасадор Александар Боцан-Карченко.

Би можело да ве интересира

ISW: Лавров ги откри тајните претензии на Русија

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Вучиќ и покрај заканите од ЕУ ќе оди во Москва: Не ја менувам одлуката

Изгласана новата Влада на Србија

Вучиќ го објави извештајот на руската ФСБ во кој се тврди дека на протестите во Белград не бил употребен звучен топ.

Предраг Петровиќ

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи