Македонец уапсен со 20 килограми марихуана во Србија

Од:

Припадниците на српската гранична полиција вчера го уапсиле 45 – годишниот македонски државјнаин Е.С. кој со својот автомобил се обидел да прошверцува 20 килограми марихуана. Македонскиот државјанин бил фатен на граничниот премин Хоргош на српската државна граница кон Унгарија. Според комндирот на граничната полиција на Србија, Младен Мрдаљ, во изјава дадена за „Танјуг“, со оваа акција полицијата на Србија, спречила меѓународен ланец на криумчарење марихуана.

Е.С. дрогата ја спакувал во 38 пакетчиња и ја сокрил во дупли под од возилото „фолксцваген“ со македонски регистарски таблички. За Е.С. српската полиција одредила 48 часовен притвор.

Ова е втор случај во период од еден месец на ист граничен премин македонски државјанин да пренесува дрога. На идентичен начин, сокриена во дупли под од возило „цитроен“ минатиот месец Нуреден А. 35 – годишен беше уапсен во обид на граничниот премин Хоргош да прошверцува 13 килограми марихуана.

Би можело да ве интересира

Поранешен европски шампион застрелан во ресторан во Белград

Ја тепал сопругата и ја терал на проституција, му плаќале со пари и со дрога

А1он

(ВИДЕО) Вучиќ: Јавете им, ви пропадна Шарената револуција, нема да ја победите Србија

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Вучиќ подготвува сендвичи за граѓаните: Се гледаме во Митровица во 17 часот

Предраг Петровиќ

Почна 15-часовната студентска блокада во центарот на Крагуевац

Сијарто: Санкциите за НИС не се проблем само за Србија, туку за цела Централна Европа, Унгарија е подготвена да помогне