Мајка и дете изгореа во пожар во ромска населба во Елбасан

Од:

Во голем пожар што ги зафатил бараките од ромската населба во албанскиот град Елбасан животот го загубија мајка и син, едно лице се здобило со тешки изгореници и е во животна опасност а уште неколку се полесно повредени.

Според првичните информации, пожарот избувнал по полноќ во баракате каде се и настраданите, мајката Лумтури Баша (30) и нејзиниот седумгодишен син Кристијан.

Веднаш по избувнувањето на пожарот пристигнале две возила на противпожарната единица на овој град, но поради фактот што станува збор за дрвени бараки тој брзо се ширел.

Благодарение на брзата интервенција на пожарникарите избегната е поголема катастрофа. На местото веднаш пристигнале и поголеми полициски сили, зашто подметнување пожари во ромски населби не е реткост во Албанија. Од првичниот увид избувнувањето на пожарот е несреќен случај.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек