Махајловиќ: Доколку пропадне дијалогот тоа ќе биде неуспех на ЕУ и САД

Од:

Директорот на канцеларијата за односи со медиумите на владата на Србија, Миливоје Михајловиќ, денес изјави дека Србија останува приврзана кон дијалогот и дека преговорите помеѓу Белград и Приштина ќе продолжат и по 2-ри април.

-Утрешната рунда би требало да дојде до финале на првата постконфликтна етапа која трае 14 години. Секако дека не може да се заврши се, претстојат сериозни разговори и прашања кои се однесуваат на решавање на проблемот на Србите на Косово и Метохија и на српско-албанските односи. Преговорите сигурно нема да бидат прекинати – соопшти Михајловиќ за „РТС“.

Тој истакна дека доколку дојде до неуспех, сепак постојат неколку варијанти што потоа, но дека тие се уште не се разработени во владата.

Михајловиќ оцени дека тие варијанти се сведуваат на рамките на техничкиот дијалог, или засилување на влијанието на ОН.

Според него неуспехот на преговорите е неуспех на ЕУ и САД, кои се главните покровители на овој дијалог.

Зборувајќи за приклучување на потпретседателот на владата на Србија, Александар Вучиќ, во делегацијата која ќе преговара утре во Брисел, Михајловиќ истакна дека на Србија и е потребена особено јака екипа и дека премиерот Ивица Дачиќ до сега детално ја известуваше владата за текот на преговорите.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија