Маас: Стратешки интерес на ЕУ е да се прошири на Западен Балкан

Од:

Министерот за надворешни работи на Германија Хајко Маас денеска оцени дека е стратешки интерес на Европската унија да се прошири на Западен Балкан, бидејќи во спротивно, Кина и Русија ќе се здобијат со влијание во регионот.

Говорејќи по состанокот во Берлин со албанскиот министер за надворешни работи Дитмир Бушати, Маас рече дека е цврсто уверен дека луѓето од Западен Балкан сакаат да живеат на начинот на кој се живее во Европа, а не како во Кина или Русија.

Тој истакна истакна дека Македонија и Албанија почнале да ги спроведуваат реформите потребни за членство во ЕУ.

Маас рече дека Германија гледа „многу, многу позитивно на проширувањето на ЕУ во Западен Балкан“ поради сврстата убеденост дека тоа е стратешки интерес на ЕУ..

Би можело да ве интересира

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Одложена е исплатата од Планот за раст на ЕУ за Македонија и земјите од Западен Балкан

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

ЕУ: Попуштањето на Русија и пред преговори не е добра тактика

Гренел: УСАИД непромислено потроши милијарди за Западен Балкан