Лукшиќ: Парламентарните избори во Црна Гора ќе се одржат на есен

Од:

Црногорскиот премиер Игор Лукшиќ изјави денеска дека парламентарните избори во Црна Гора ќе се одржат на есен, како и дека во владејачката коалиција се уште немало консултации за начинот на кој ќе учествува на изборите.

Тој рече дека владејачката коалиција сега е насочена кон создавање услови на есен, односно кон крајот на септември или на почетокот на октомври да се организираат избори.

– Определени сме на есен да организираме избори и на тој начин да искористиме еден период на вакуум, кога е во прашање интензивирањето на преговарачкиот процес со Европската унија, изјави Лукшиќ по посетата на Бар и Улцињ, каде отвори повеќе инфраструктурни објекти, по повод 13 јули – Денот на државноста на Црна Гора.

Тој изрази очекување дека актуелната Влада на Црна Гора на изборите ќе го обнови мандатот, како и дека тогаш со целосен ентузијазам ќе може да почне да ги отвара преговарачките поглавја со ЕУ.

Претседателот на црногорската владејачка Демократија партија на социјалистите Мило Ѓукановиќ изјави претходно дека би било рационално во Црна Гора претседателските и парламентарните избори да се одржат истовремено, на есен оваа година. Тој порача дека ДСП е подготвена за самостоен настап на изборите, но оти е отворена и за коалиција како со досегашните, така и со нови партнери.

Ѓукановиќ за сега не се изјаснува какви се неговите политички амбиции, односно дали планира враќање на премиерската функција или на претседателската.

Конечниот збор за тоа дали на есен, наместо во редовниот термин на пролет следната година, истовремено ќе се одржат претседателските и парламентарните избори ќе го даде шефот на државата Филип Вујановиќ, бидејќи негова уставна надлежност е да го одреди терминот на гласање, односно да одлучи дали ќе си со скрати мандатот.

На предвремените парламентарни и претседателски избори им претходат одлуката на Собранието на Црна Гора за скратување на мандатот, како и согласноста на Вујановиќ претседателските избори да се одржат пред редовниот рок.

Би можело да ве интересира

Подгорица оди на вонредни избори

Детали за голема меѓународна полициска акција во Црна Гора: Уапсени девет лица, поднесени кривични пријави против 19

Ѓукановиќ бил информиран дека му се подготвува атентат

A1on

Земјотрес ја погоди Црна Гора

Почина Матија Шаркиќ, голман на фудбалската репрезентација на Црна Гора

Земјотрес во Црна Гора