Лук ван Миделар: Односот на Грција не е фер

Од:

Лук ван Миделар, советник на претседателот на Европскиот Совет Херман ван Ромпуј, во врска со спорот меѓу Македонија и Грција изјави дека поради лошото искуство со Кипар, Унијата сака да ги реши билатералните спорови пред приемот на двете или барем едната земја која има соор во ЕУ.

Според Миделар, употребата на ветото за прием на нови членки во билатералните спорови не е фер однос и ЕУ може да изврши притисок и врз земјите членки, како во случајот со Словенија.

– Унија не е добра при решавањето на билатералните односи кои се однесуваат на граница, име, на стариот свет на суверени држави. Затоа, Унијата на потешкиот начин, на примерот на Кипар, научи дека ваквите прашања мора да се разрешат пред едната страна, или двете страни, да влезат во ЕУ. Ака и познатиот територијален спор меѓу Франција и Германија за Сар се реши со договорот од 1950 за влез во ЕУ. Овој спор ќе мора да се реши пред приемот на Македонија. Веројатно не е фер тоа што едната од страните, која веќе е членка, го користи тоа свое диспропорционално влијание. Но, да земеме попозитивен пример, спорот меѓу Словенија и Хрватска покажа дека политички притисок може да се изврши и врз земјата која е внатре, во тој случај Словенија, за и таа да го испорача тоа што го ветила, изјави ван Миделар, одговорајќи на прашање на МИА.

Ван Миделар, историчар и колумнист во Холандија и член на кабинетот на Ван Ромпуј, оцени дека сличен е и односот меѓу Кипар и Турција, каде Кипарците ги попречуваат турските преговори за членство во Унијата.

Македонија наскоро го очекува новиот извештај на Европската Комисија за својата подготвеност да ги почне преговорите. Иако Комисијата во изминатите четири извештаи ја дадемоваа препорака, Грција го користи правото на вето во Европскиот Совет да ја поништи оваа препорака.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски