Лончар: Во Србија пристигнуваат уште 12 пациенти од Македонија

Од:

Министерот за здравство на Србија, Златибор Лончар денеска изјави дека 17 пациенти од Северна Македонија се наоѓаат во четири здравствени домови во Србија – Клиничкиот центар на Србија, ВМА, Воената болница во Ниш и Клиничкиот центар Ниш и дека Србија ќе направи се за да им помогне на повредените.

Како што истакна, пристигнуваат уште 12 пациенти.

Лончар за РТС изјави дека Србија ќе направи се за да им помогне на повредените, но дека повредите се исклучително сериозни.

“Се прави дијагностика и терапија, се преврзуваат во собата. Повредите се сериозни. На располагање им се нашите капацитети. Ги покриваме сите трошоци, помагаме и се ќе прифатиме. Повредите се исклучително сериозни и пациентите ќе добијат се, исто како и во најдобрите клиники во светот”, изјави Лончар.

Во Ургентниот центар на Клиничкиот Центар каде биле примени девет пациенти од Македонија, се работело цела вечер до утринските часови во операционите сали. Според извори од Клиниката изгорениците покриваат до 27 посто од нивното тело.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Оштетена српската амбасада во Техеран

Српските студенти порачаа: „Нема да одиме за совет во Москва“

Горан Наумовски

Пожар од плинска боца во објект во Трговскиот центар во Кочани

А1он

Екс-директор, двајца вработени и поранешен вработен во „Водовод“ – Кочани ќе одговараат за злоупотреба

А1он

СДСМ: ДЕА доставила податоци до македонското и српското обвинителство за скандалот со пет тони дрога

Во Србија најпопуларен светски лидер е Владимир Путин

А1он