Министерот за здравство на Србија, Златибор Лончар, изјави денес дека Републичката стручна комисија треба да донесе одлука за задолжителна вакцинација на здравствените работници против Ковид-19 и дека се согласува со предлогот на професијата, наведувајќи дека „нема логика“ лекар или медицинска сестра да кажат дека добиле корона бидејќи можат да се вакцинираат.
-Мислам дека републичката комисија, во која се најеминентни експерти, ќе донесе одлука. Јас секогаш ќе бидам со професијата и ќе спасувам животи и ќе се борам против оние кои се вакцинирани и кои се добри благодарение на тоа, а шират лаги и паника за вакцините, изјави Лончар и истакна дека е докажано дека вакцините се безбедни и помагаат.
Лончар додаде дека низ цела Србија се отворени над 170 пунктови за вакцинација без закажување и изрази уверување дека до крајот на април уште 500.000 граѓани ќе бидат вакцинирани против коронавирус.
-Ќе се обидеме да имаме што повеќе вакцини во тие пунктови, секогаш ќе има по една или две и ќе гледаме онаму каде што можеме да го испочитуваме ладниот ланец, да се достапни три или четири вакцини, изјави Лончар за Тв Пинк.
Тој додаде дека целта е да се стигне до најоддалечените места во Србија и да им се овозможи на сите граѓани да примат вакцина за коронавирус.
Лончар изјави дека вакцинираните најверојатно ќе имаат предност да влегуваат во кафулиња, дискотеки, стадиони, театри, кина …
-Ако се вакцинираме брзо и во голем број, тоа е начинот да се вратиме во нормален живот, нагласи Лончар.
Ден по вакцинирањето на Претседателот Александар Вучиќ, е еден од најуспешните денови од почетокот на вакцинацијата.
Во средата вакцинирани се вкупно 64.608 лица, од кои скоро 23.628 граѓани дошле на вакцинација без претходно закажан датум.
Досега во Србија првата доза ја примиле вкупно 1.578.800 граѓани, а 1.130.000 се ревакцинирани и со првата и втората доза.