Љубљана: Лекарка поради негрижа осудена на шест месеци затвор

Од:

Судот во Љубљана ја потврди шестмесечната затворска казна за лекарката која што пред три години, одби да пружи помош на тешко повреден пациент кој што подоцна почина.

Ова е прв случај во Словенија на правосилна затворска казна изречена за занемарување на професионалната должност на лекарите.

Словенечкиот закон предвидува околу една година затворска казна, како и можност за одземање лекарска лиценца, за неукажување помош на животно загрозен пациент, објавија словенечките медиуми.

Високиот суд во Љубљана ја потврди првостепената пресуда според која дежурната лекарка во здравстрената установа Брежице, е виновна бидејќи не отишла на местото на несреќата во која пред три години тешко настрада пеесет и петгодишен работник, при пад од електричен столб, кој што бил под напон, туку испратила амбулантно возило со возач и медицински техничар.

Судот ја одби нејзината одбрана дека за време на несреќата како дежурна обавувала повеќе должности поради недостаток на лекари и дека истовремено имала итен случај.

Утврдено е дека не се заангажирала веднаш да му помогне на тешко повредениот пациент, ниту откако тоа од неа го побарала екипата на итна помош, која што таа ја испратила на местото на настанот, а подоцна се обидела да пронајде алиби за својот пропуст откако Министерството за здравство на Словенија започна контрола за случајот.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски