Љатифи: Конфликтот на Западот со Русија може да доведе до обединување на Косово со Албанија

Од:

Косовскиот аналитичар и универзитетски професор, Блерим Љатифи смета дека актуелниот судир меѓу западните демократии и Руската Федерација околу Украина може да резултира со обединување на Косово и Албанија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во коментар на неговата страница на Фејсбук, Љатифи потсетува на две ситуации од минатото кога дошло до „геостратешки недоразбирања“ меѓу западните земји и Русија, а од кои, според него, профитирале Албанците, односно Косово и Албанија.

-Геостратешките недоразбирања меѓу Западот и Русија во 1913 година резултираа со лондонска Албанија. Геостратешките недоразбирања меѓу Западот и Русија во 2007-2008 година резултираа со независно Косово. Можно е од геостратешките недоразбирања меѓу Западот и Русија, што започнаа со кризата во Украина, Косово и Албанија да се обединат во една заедничка држава, смета Љатифи.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Путин го одликува Лавров на неговиот 75-ти роденден

Наузеда: ЕУ има краток период за да се подготви за следната фаза на агресија

Лами: Путин не треба да има право на вето за присуството на европските мировни сили во Украина

Одеса е нападната од руски беспилотни летала

Стармер: Путин ќе го раскине мировниот договор ако Украина нема гаранции

Трамп: Наскоро ќе потпишеме договор за минерали со Украина кои имаат огромна вредност