Љајиќ: Србија нема право да се откаже од имотот на Косово

Од:

Србија нема право да се откаже од имотот во Косово, изјави денеска вицепремиерот и министер за трговија, туризам и телекомуникации Расим Љајиќ, нагласувајќи дека тоа ќе биде една од најважните теми на преговорите со Приштина во Брисел.

– Ако имаме голем интерес за нешто во тие преговори, тоа е имотот што Србија го има во Косово и на кој има право, изјави Љајиќ.

Вкупната вредност на имотот во кој спаѓаат патни, телекомуникациски, енергетски и стопански објекти на Косово до 1990 година изнесува околу 17 милијарди долари, нагласи Љајиќ.

– Тука не се смета вредноста на земјоделското земјиште, на градежните терени и шуми, на минерали, згради и станбени објекти. Тоа ќе биде една од најважните теми за кои ќе преговараме во Брисел, нагласи српскиот вицепремиер.

Љајиќ истакна дека Косово ја избегнува темата за имотот од самиот почеток на преговорите.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски