Литванија ќе и помога на Србија да ги почне преговорите со ЕУ

Од:

итванскиот министер за надворешни работи Линас Линкевичиус денеска во Белград изјави дека за време на претседавањето со Европската унија до крајот на годината, Литванија ќе стори се што е во нејзина моќ да и помогне на Србија да ги почне преговорите за членство во ЕУ.


– Наша задача е да ја олесниме соработката на Србија со ЕУ, рече Линкевичиус на прес-конференција по средбата, со српскиот министер за надворешни работи Иван Мркиќ. 


Линкевичиус истакна дека неговата земја на Србија гледа како на „сериозен кандидат за членство во ЕУ и целосно ја поддржува нејзината интеграција“. 


Литванскиот министер нагласи дека е импресиониран од подготвеноста на Србија за почеток на преговорите по сите точки. 


Претходно, денеска Линкевичиус се сретна со претседателот на српскиот Парламент Небојша Стефановиќ, кој изјави дека за Србија ќе биде од голема корист искуството на Литванија, која неодамна стана членка на Унијата. 


Линкевичиус подоцна денеска ќе се сретне и со српскиот премиер Ивица Дачиќ, по што ќе замине за Приштина.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија