Лечиќ нема да одговара за наводното силување: Не се чувствувам како победник

Од:

Обвинителството во Србија ја отфрли кривичната пријава против познатиот актер Бранислав Лечиќ, кого колешката Даниела Штајнфелд го обвини дека ја силувал во 2012 година.

Вишото јавно обвинителство во Белград денеска соопшти дека пријавата е отфрлена поради тоа што нема основано сомнение.

„Нема основи на сомнение дека е сторено наведеното кривично дело, ниту кое било друго кривично дело за кое гонењето се презема по службена должност,“ велат од Обвинителството.

Случајот со обвинувањето против Лечиќ беше голем скандал во Србија, каде изминатите месеци беа откриени повеќе случаи на сексуално злоставување од страна на јавни личности. Голем дел од јавноста застана зад актерката Штајнфелд, која и натаму тврди дека Лечиќ, кој од неа е постар 29 години, ја силувал во неговиот автомобил во 2012 година, додека заедно играле во претстава во Белград. Лечиќ цело време ги негира обвинувањата.

По денешната одлука на Обвинителството, тој се огласи, велејќи дека „да им верувал на медиумите и на другите, би мислел дека е монструм“.

„По исклучително тешкиот период од речиси четири месеци, ја примив веста дека Обвинителството одлучило да не поведе постапка против мене за изнесените обвинувања. Иако, со оглед на тоа што не сум виновен, очекував ваков исход, морам да признаам дека не се чувствувам како победник. Имено, штетата која ми е нанесена мене, на моето семејство и пријателите, никогаш и никако не може да биде надокнадена“, изјави Лечиќ.

„Исто така, ненадоместлива штета им е нанесена и на сите вистински жртви на насилство во нашата земја и во регионот. По ваквиот епилог, тие ќе имаат уште помалку смелост да им се обратат на надлежните институции за помош. Причините поради кои сево ова ми се случи токму мене, сѐ уште не можам да ги разберам, ниту можам да ги разберам мотивите на оние кои ме осудија пред каква било постапка против мене да биде покрената. Иако пред полицијата и пред обвинителството имав статус на граѓанин, а не на обвинет или дури ни осомничен, многумина побрзаа да ги изнесат завршните зборови и да донесат осудителна пресуда“, додаде Лечиќ во неговата реакција на одлуката на Обвинителството.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија