ЛЏБТ: Не сакаме да бидеме услов за во ЕУ

Од:

Хомосексуалниот инфо центар бара да се прекине практиката преку ЛЏБТ популацијата да се условува влезот на Србија во Европската унија.

Сметаат дека таквата практика не донесува резултати, туку само доведува до зголемување на хомофобијата и анимозитетот кај членовите на оваа популација во Србија.

Специјалниот известувач од Европскиот парламент за Србија, Јелко Кацин во магазинот „Корд“ објасни дека едно од клучните барања за српските инситуции е да овозможи одржување на геј паради и дека безбедносниот ризик нема да биде оправдување таа да не се одржи.

-Поради такви изјави нашата популација се бележи како виновник за продолжување на преговорите за влез на Србија во ЕУ.

Бараме од Јелко Кацин и други официјални претставници од ЕУ, подобро да размислат кога наредниот пат ќе даваат изјава за последиците кои што може да ги предизвикаат – порачаа во соопштението.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Со големо полициско обезбедување, во Нови Сад се бира градоначалник

Поранешен европски шампион застрелан во ресторан во Белград

(ВИДЕО) Вучиќ: Јавете им, ви пропадна Шарената револуција, нема да ја победите Србија

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Вучиќ подготвува сендвичи за граѓаните: Се гледаме во Митровица во 17 часот

Предраг Петровиќ

Почна 15-часовната студентска блокада во центарот на Крагуевац

Сијарто: Санкциите за НИС не се проблем само за Србија, туку за цела Централна Европа, Унгарија е подготвена да помогне