Лажен лекар од Србија измамил неколку Американци

Од:

Триесет и двегодишниот Дарко Јовановиќ од Виндзор во САД, пред судот призна дека се претставувал како лекар, кој ги лажел пациентите и им зборувал дека боледуваат од тешки болести, со цел да заработи пари.

Јовановиќ се претставувал како лекар во болницата „Хенри Форд“ во Детроит, па на пациентите со полесни здравствени проблеми им давал лоши дијагнози, а на децата со инвалидитет им ветувал чудни закрепнувања, пренесе „Виндзор стар“.

Во измамите кои и неговиот адвокат ги опишал како кукавички, Јовановиќ се обидел да измами семејство на болно девојче за 58.000 долари. На родителите им рекол дека има заболување на мозокот, а своите зборови ги потврдил со лажни снимки од магнетна резонанца, кои требало да и обезбедат ласерска операција во Чикаго.

Тој додал дека операцијата ќе ја плати од својот џеб, а тие во рок од пет години да му ги вратат парите.

Јовановиќ измамил и еден маж за 835 долари, бидејќи наводно му обезбедил рецепт за медицинска марихуана.

На друг човек му побарал 6.500 долари со изговор дека починал неговиот татко и дека му се потребни пари за да ги плати трошоците за погреб.

Адвокатот на одбраната, Френк Ретар побарал од судот да утврди кој е всушност Јовановиќ, а на новинарите им рекол дека неговиот клиент течно зборува три јазици, англиски, арапски и српски и дека тоа му помага да ја добие довербата кај жртвите.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија