Лавров: Русија го поддржува секој договор кој доброволно е постигнат од страна на Белград и Приштина

Од:

Првиот човек на руската дипломатија, Сергеј Лавров изјави дека Русија го поддржува секој договор што Белград и Приштина доброволно ќе го постигнат .

„Ние, се разбира, како што повеќе пати изјави претседателот Владимир Путин, цврсто ќе ја поддржиме Србија во чекорите што таа смета дека е потребно да ги преземе во рамките на Резолуцијата 1244 при Советот за безбедност на ООН и ќе ги поддржиме сите договори постигнати  на доброволна основа меѓу Белград и Приштина“,  рече Лавров.

Тој ја потсети јавноста дека и договорот за создавање на унија на српски општини кој беше постигнат во 2013 година со посредство на ЕУ треба да се реализира.

„ЕУ беше многу горда на ова достигнување во тоа време, ние исто така го поздравивме, во суштина, тоа беше важен чекор“,  рече Лавров.

Тој посочи дека поминале седум години и дека ништо не е сторено во тој поглед и ги повика инволвираните страни да земат учество за реализација на тој план.

„Се надевам дека нашите колеги од Европската унија нема да заборават дека со нивно посредство се постигна нешто што властите во Приштина целосно го игнорираат“, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Претепан српскиот министер Никола Селаковиќ

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Студентите кои сакаат да учат се собраа пред српското Претседателството: Остануваат цела ноќ

(ВИДЕО) Тепачка пред белградското собрание: Приватно обезбедување се пресмета со граѓаните кои протестираа

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Опозиционерите пееја химна, пратениците на власта гласаа без дискусија во белградското собрание

Катерина Ѓуровски

Лажна била дојавата за поставена бомба во српското Народно собрание

Дојава за поставена бомба во српското Собрание

Горан Наумовски