Лавров идната недела доаѓа во посета на БиХ

Од:

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на 14 и 15 декември ќе допатува во посета на БиХ.

Посетата на Лавров беше најавена за во септември, но е одложена поради неговата самоизолација поради коронавирусот.

Шефот на руската дипломатија за време на посетата ќе оствари официјални средби со членовите на Претседателството на БиХ, министерката за надворешни работи на БиХ Бисера Турковиќ, како и одвоен состанок со претседавачот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик.

Засега не е познато дали, како што беше претходно планирано, ќе разговара и со претставници на двата дома на Парламентот на БиХ.

Лавров последен пат престојуваше во БиХ во 2008 година, кога ги посети Сараево и Бања Лука.

Би можело да ве интересира

Лавров: Башар ал-Асад не успеа да ги исполни основните потреби на народот

А1он

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница

Во БиХ почнува забрана за пушење во сите затворени објекти

А1он

Почина жената која беше ранета во оружен инцидент во Мостар

Жена е тешко ранета во оружен инцидент во Мостар