Лајчак очекува средба меѓу Курти и Вучиќ во наредните неколку недели

Од:

Специјалниот пратеник на Европската унија во преговорите меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак очекува преговорите за целосна нормализација на односите меѓу двете држави да почнат во наредните неколку недели, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во обраќање пред новинарите по денешната средба во Приштина со косовскиот премиер Албин Курти, Лајчак рече дека „нема брзање“, но треба да се искористи „позитивниот момент“ за да се почнат дискусиите за целосна нормализација на односите. Тој додаде дека Брисел очекува средба на Курти со претседателот на Србија, Александар Вучиќ во наредните неколку недели.

– Нема веќе кризи. Ние можеме да расправаме за суштината и токму тоа е причината поради која сум тука, за да ја вратиме нашата дискусија за прашањето на нормализација и да ги разгледаме наредните чекори во тој процес, рече Лајчак.

Запрашан за месец март кој се споменува како рок до кога се очекува да се постигне конечниот договор меѓу Косово и Србија, европскиот емисар рече дека тој не е „човек на рокови“.

– Би рекол дека до март ние ќе видиме каде се наоѓаме, изјави Лајчак.

Пратеникот на ЕУ допатува утрово во Приштина од Белград, каде што вчера се сретна со претседателот Вучиќ.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Вучиќ и покрај заканите од ЕУ ќе оди во Москва: Не ја менувам одлуката

Вучиќ го објави извештајот на руската ФСБ во кој се тврди дека на протестите во Белград не бил употребен звучен топ.

Предраг Петровиќ

Вучиќ ги пречека земјоделците кои пристигнаа за саботниот митинг во Белград

Горан Наумовски

Вучиќ: Курти се јави на својот потрчко во македонската влада да пише соопштение против мене

Орбан со порака до Вучиќ: Не сте сами, може да сметате на унгарските патриоти