Кустурица: Косово е грабнато и истргнато, како живо срце

Од:

-Приказната за Косово и Метохија зборува за срам и безчуствителност на новиот светски поредок – истакна прославениот режисер Емир Кустурица.

Според Кустурица не мора да се бидеме Срби, за да сме праведни и искрени.

-Косово е грабнато. Тоа е истргнато од српските луѓе и душа, како срце, а таму му е колевката, коренот, тоа не е мит, туку суштинска вистина. Всушност и да е мит, ништо не се менува.Таа иста Америка направи цивилизација за митот – истакна Кустурица.

Тој нагласи дека Србите мора да биде свртени кон Косово и Метохија и дека не постои сила која ќе им забрани таму да се раѓаат и умираат, вистинито и метафорично.

-Во секој случај Косово ќе остане наше, во онаа мера во која ние ќе дозволиме, да не не убедат поинаку. Никогаш нема да се откажеме од него, ниту да поверуваме во лагата дека е изгубено, бидејќи изгубено е само она за кое човекот не се свртува -порача Кустурица.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Со големо полициско обезбедување, во Нови Сад се бира градоначалник

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

Поранешен европски шампион застрелан во ресторан во Белград

(ВИДЕО) Вучиќ: Јавете им, ви пропадна Шарената револуција, нема да ја победите Србија

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Вучиќ подготвува сендвичи за граѓаните: Се гледаме во Митровица во 17 часот

Предраг Петровиќ

Почна 15-часовната студентска блокада во центарот на Крагуевац